Еве зошто не треба да се измачувате со диети

1073

Храната е вкусна, а животот е краток

Сите луѓе треба да се научат да се радуваат на животот, бидејќи тој е краток. Што има лошо во тоа од време на време да си дозволите задоволство, па да си каснете чоколадо, кроасани, сладолед или пица?

Луѓето на диета немаат сили за спорт

Физичките вежби се многу покорисни за здравјето од диетите и пак можат да ве стават во форма. Затоа е подобро да се потпирате на нив, наместо да гладувате. Покрај тоа, луѓето кои почитуваат строги режими на исхрана, немаат доволно енергија за редовен спорт.

Диетите го засилуваат пролетниот замор

Сите знаеме дека пролетта се приближува, а со неа доаѓа и т.н. пролетен замор. Ако токму сега започнете да се подложувате на строги диети, има опасност сосема да го испразните организмот и да не сте доволно функционални.