Диетите ги тераат луѓето да се чувствуваат виновни
Луѓето веќе ја делат храната на “добра” и “лоша”, на “чиста” или “валкана” и т. н. Сѐ повеќе млади луѓе се чувствуваат виновно откако ќе каснат т. =н. “лоша храна”. Храната не е добра или лоша! Ако ви се јаде крофна и изедете една, тоа нема да ве направи лош човек.
Диетите не нѐ учат да го сакаме телото
Напротив, луѓето кои вечно се на диета, обично имаат проблем со изгледот. Тие никогаш не се чувствуваат навистина удобно во својата кожа. Ако сте љубители на телото какво што е, ќе бидете многу посреќни во целина. Не фаќајте кусур на одразот во огледалото, туку радувајте се на предностите.
Почитувањето на диети е досадно
Факт е дека почитувањето на диета ја бара концентрацијата и вниманието на човек. Тој треба да си ги обезбедува потребните производи за режимот на исхрана, да јаде во одредени часови, да брои калории и т.н. Сето ова бара доста ангажирање, исцрпувачки е и досадно.
Продолжува на страна 3



















