Имате мака од мигрена?!

1022

Луѓето кои страдаат од мигрена, треба да ги избегнуваат зебрите и бар кодовите, бидејќи погледот врз нив може да ги влоши болките во главата, соопшти “Дејли мејл”, цитиран од весникот “Монитор”.

Научниците од Медицинскиот центар на Универзитетот во холандскиот град Утрехт открија дека некои луѓе покажуваат силна мозочна реакција на овие црно-бели шари, кои во потешки случаи може да доведат до епилептични напади. Истиот ефект кај пациентите предизвикуваат и бар кодовите.

Холандскиот тим истражувал високофреквентни бранови во мозокот наречени гама осцилации. Биле користени електроди прикачени за скалпот на пациенти со мигрена.

Мозочните бранови биле предизвикани од вертикални црно-бели ленти. Слична реакција не била констатирани при поглед на облаци и пејзажи од природата.

Активноста на високофреквентни бранови во мозокот се намалува при промената на бојата на зебрите и нивната конфигурација.

Шефицата на истражувањето д-р Дора Хермес забележува дека по направените откритија архитектите би требало да се во согласност со нив.

Во иднина тие треба да проектираат зградит така што во нив да не фигурираат визуелни слики, кои предизвикуваат непријатност.