Јадете салата- има зошто!

1506

Марулата е многу популарна состојка во салатите, не само поради одличниот вкус туку и поради огромната полза за здравјето на човекот.

Знаете ли дека марула се смета за кралица на салатите?

И има зошто – неговите благодети се многубројни.

Постојат различни видови салата – бостонска, кинески, санта мраз, летна салата, но сите тие имаат висока хранлива вредност и им обезбедуваат на своите потрошувачи здравје. Зелената салата е добар извор на хлорофил и витамин К, а исто така е богата и со минерални соли.

Богата е со лутеин и бета-каротин. Салатата, исто така, обезбедува витамини Ц, калциум, растителни влакна, фолна киселина и железо. Марулата вклучува и други хранливи материи како витамини А и Б6, ликопен, калиум.

Одлична е за диетите

Сите сорти салата имаат малку калории. Затоа зелената салата е многу погодна за диети. Марулата е богата со вода, што му овозможува на телото подобро да се хидрира. Освен тоа содржи и растителни влакна, кои помагаат за варењето, додаваат и чувство на ситост.

Зелената салата е полна со бета-каротен, кој е познат борец против разни болести како кардиоваскуларни, мозочен удар и рак.

Таа е полна со влакна кои го олеснуваат работата на цревата – затоа и е така корисна за варењето. Може да има позитивно влијание и при лекување на варењето, артритис, проблеми со циркулацијата и колитис.