Долгите месеци од бременоста, доењето и ноќните бденија ги нема. Вечерите се повеќе за вашиот сакан, отколку за домашни обврски, иако тие никогаш не завршуваат.
Кога физички не сме уморни, идејата за секс е сосема природна, чувствуваме дека сакаме и сме посакувани, се појавува стремеж кон грижа за надворешноста, обновување на гардеробата, одржување на фигурата со спорт. Наградата за овие напори е восхит во очите на партнерот.
Совет: И мажите и жените можат да доживеат кон 40-те години таканаречената криза на средната возраст. Тие почнуваат да поставуваат прашања за семеен живот, за она што сакаат да направат во интимната сфера – страстен секс, нови сексуални практики, повеќе искуство во интимните односи … Сето ова е можно, без да се допира до промена на партнерот. Доволно е и двајцата да сакаат да ја оживеат врската и дури да и дадат нов почеток.
Младинската несигурност во сексот е зад нас. На 40 години жените знаат како да се претстават на најдобар можен начин, се осмелуваат да ја преземат иницијативата , го познаваат подобро сопственото задоволство. Ова е уште повеќе важи при долготрајните врски – двајцата знаат како меѓусебно да се возбудат и максимално да го продолжат задоволството, кои гестови и зборови се најпосакуваните од партнерот.
Совет: Сепак е подобро да се избегнува повторувањето на исти “ритуали” во сексот. Пробајте нови работи, променете го часот на сексуалниот чин, па дури и местото за да не стане интимниот живот во рутинска активност.
На 40 години сексуалниот живот на жената не е поврзан веќе со нејзината плодност, иако таа се уште е можна. Водењето љубов само за задоволство менува многу работи – се достигнува поголемо физичко и психичко задоволство. Стекнатото сексуално искуство води до подолги и бројни оргазми, до владеење на возбудата и кормиларење на сексуалниот чин кон се повеќе софистицирано задоволство. Телото може многу да не изненадување и да помогне при нови идеи.
Совет: Жените треба да се грижат да ги неутрализираат малите непријатности кои можат да ги доживеат за време на сексуален однос, поврзани со позната болка. Ослободени од нив, полесно ќе постигнат нови нивоа во чувствува на наслада. Предменопаузата може да се манифестира со сувост на вагината, која брзо се совладува со лубриканти.
Треба да сакаме да го изживееме целосно денешниот ден, да земеме нешто што може да ни даде нашето тело, за да се чувствуваме млади и енергични. Сега е време да покажеме храброст за заситен сексуален живот. Колку попосакувани и почести се сексуалните контакти, толку повеќе задоволство ни носат.
Совет: Не е потребно задолжително да се стремиме кон интензивен секс поради загриженост дека “сега или никогаш повеќе” нема да ги откриеме овие свои способности. Концентрирање на вниманието врз чисто физичкото задоволство може да донесе разочарувања. Точно е дека е подобро да го збогатиме сексуалниот живот, но не по секоја цена и не со квантитативни критериуми. Освен тоа секс има и на 50, 60 и 70 години …
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Само за жени
Продолжува на страна 2



















