Мит ли е жешкиот секс после 40?

1526

Само за мажи

Андропауза

По 40 година се намалува производството на тестостерон – клучниот хормон за сексуалната желба кај мажите. Процесот е сличен на менопаузата кај жените.

Пад во самодовербата

Како и секогаш, жените се многу добро информирани за менопаузата, но повеќето мажи не слушнале дури за андропаузата. Затоа, кога ќе се појави, машката самодоверба нагло опаѓа. Ова го објаснува фактот дека кога мажите ќе поминат 40, почнуваат да бараат врски со доста млади жени – за да докажат дека се атрактивни и уште ги бива во кревет.

Стресот

Стресот го намалува сексуалниот апетит и кај мажите и кај жените. По 40 година загубата на самодовербата предизвикува стрес. Конфликтите на работа провоцираат стрес, финансиските проблеми и сл.

Професионални проблеми

40, или веќе си триумфирал професионално, или веќе е доста тешко да го постигнеш. Битката за искачувањето во кариерата, стравот од невработеноста, притисокот од младите професионалци ги притиска мажите кон бескрајна професионална и социјална динамика. А најзагрозен е сексот.

Физичка промена

Младоста не е вечна и нема како да се борите против заседнатиот начин на живот, ќелавост, големиот стомак, пушењето и пиењето. Кога мажот ќе забележи промената во неговиот изглед, самодовербата му паѓа и се намалува сексуалната желба.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.