Корекција на срамните усни

2475

Лабиопластијата е хируршка интервенција, која има за цел да го подобри изгледот на малите и големите срамни усни кај жените.

Всушност постапката се врши по мотив на една од причините – непријатност или потреба од козметичка промена. И во двата случаи, сепак се кријат исти ризици.

Откако сè повеќе жени во светот го преземаат овој чекор кон пластичната хирургија, е редно да побараме мислење на експертите за скратување на срамни усни. Еве што споделува проф. д-р Алис Дуек од Њујорк пред Cosmopolitan, гинеколог и професор на Универзитетот за медицина во Моунт Синај.

1. Дали е можно лабиопластијата да не е потребна?

Д-р Дуек вели дека жените првично размислуваат да се подложат на постапката на возраст од 15 до 21 години. “Жените сметаат дека вулвата треба да изгледа подеднакво и ако нивната не е како останатите, нешто не е во ред”, смета д-р Дуек. “Ако треба да сум отворена, поголемиот дел од спроведените постапки се бесмислени. Не само жените, туку и сите луѓе треба да разберат дека не постои такво нешто како совршена анатомија – секој е различен. Ако нема два идентични пениса, така нема и две идентични вулви “, смета лекарот.

2. Но покрај реченото тука, лабиопластјата е неопходна во некои случаи. Во кои?

Д-р Дуек открива дека кај некои жени малите срамни усни се толку огромни, што тие се соочуваат непријатност при поставување на влошки. Истото чувство го имаат и при сексуален однос – болно стискање или горење. Тоа според неа се објективните причини за извршување на хируршка интервенција.

Според неа постои и уште една причина – психолошка. Ако човек толку не може да го понесе изгледот на својот полов орган, тој неизбежно ќе се подложи на интервенцијата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2