Водечките инженери, физичари и претставниците на телекомуникациските компании се собраа во Кралското друштво во Лондон. Тие разговараат за тоа како да се спречи кризата на глобалната мрежа, кои според нив може да се случи по 3 години, пишува The Daily Mail.
Процут на интернет телевизиите, вклучувајќи и директен пренос, растот на моќноста на компјутерите го зајакна оптоварувањето на серварите до критични граници. Кон сето ова во последниве години се додаваат бројните смартфони и таблети, за кои исто така е потребен брз интернет.
Во последната деценија инженерите успеале да ја зголемат пропустителната способност на каблите од оптички влакна 50 пати. Во 2005 година максималната брзина на интернет беше 2 мегабити во секунда. Сега раширената брзина е 100 мегабити. Но, научниците тврдат дека моќноста на инфраструктура ги достигна своите граници: каблите веќе не можат да пропуштаат повеќе информации.
Како што изјави организаторот на научната конференција проф. Ендрју Елис, единствениот спас на интернет од глобален колапс, е неговото значително поскапување.
“Во лабораториите постигнавме можното: каблите од оптички влакна не пропуштаат веќе поголем волумен на податоци. Интензитетот на податоците веќе е толку огромен што да се обидуваме да ја зголемиме пропусната моќ што би изгледало како да пробаме со рака да го заслониме сонцето. Развојот на пазарот ни остава од 1 до 3 години. Но, за 3 години ние нема да успееме да го решиме овој проблем. Барањата за информации растат со секоја измината минута. Многу тешко во изминатите години успеавме да одиме напред, но денес сме ја достигнале точката од која повеќе нема каде да се оди“, објаснува научникот.
Елис тврди дека интернетот ќе поскапува во иднина, за да биде ограничена потрошувачката и оптоварувањето на инфраструктурата, дотогаш, додека не биде најдено радикално решение за пренос на податоци.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.