По земјотресот во Непал, Еверест понизок за 2,54 cm

1481

Освен што загинаа над 7.000 лица и предизвика огромна хуманитарна криза, земјотресот од 2015 година со интензитет од 7,8 степени по Рихтер во Непал предизвика и … намалување на Монт Еверест, пишува HuffingtonPost.com.

Според податоците на конзорциумот за геофизички истражувања UNAVCO највисокиот врв на Земјата се спушти со 1 инч (2,54 cm).

Анализата се заснова на податоци од сателитот “Сетинал-1” на Европската вселенска агенција, кој прелетал над погодената област на 29 април.

Според Роџер Билм, професор по геолошки науки на универзитетот Колорадо Болдер, врвот се снизил само со милиметар-два, но планинскиот масив Анапурна, кој се наоѓа во близина на епицентарот на потресот, “пораснал” со 20 см.

Областа околу главниот град Катманду исто се издигнал со околу 3 стапки (во близина 91,5 см), објави Германскиот вселенски центар.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.