Доматот спречува развој на ракот на желудникот

648

Доматот може да го забави развојот на ракот на желудникот, покажала новата студија.

Овој зеленчук го спречува развојот на ракот на желудникот , во него учествуваат многу негови состојки, а не само ликопенот, како што се мислело порано.

Водачот на студијата Данијела Барон од Онколошкиот истражувачки центар Меркогљиано во Италија вели дека тоа дејство не се однесува на еден од состојките поединечно, туку на целиот плод.

Истражувачите анализирале како екстрактот на целиот домат влијае на различните облици на ракот на желудник. Екстрактите се земени од вообичаените сорти во Италија како сан маркано и корбарино(двете сорти се варијанти на доматот сливар)

Резултатите покажале дека екстрактите влијаат на способноста на ширење и развој на клетките на ракот и нивното уништување.

Овие откритија имаат примена не само во превенција, туку и во пронаоѓање на нови лекови, велат истражувачите.

Истражувањето е објавено во магазинот Journal of Cellular Physiology.