Вистината за сексот по разводот од Jackie Pilossoph

1657

Објавено December 19, 2016. Прочитано 68388

Со една личност во ист кревет сте спиеле 10, 20 или 30 години, а сега сте одвоени или разведени.

Неизбежно е дека наскоро ќе почнете повторно да излегувате на состаноци, а излегувањата со новите партнери водат и до секс. Во тој случај сигурно ве копка прашањето како изгледа сексот после разводот.

– Сметам дека првото сексуално искуство по брачниот бродолом е важно искуство. Тоа може да биде трауматично, застрашувачко, тажно, но исто така може да биде и возбудливо, забавно и неверојатно, пишува за Huffington Post Jackie Pilossoph, авторка на книгата „Free Gift With Purchase“ и ги наведува најчестите проблеми, кои се јавуваат во сексот по распаѓањето на бракот.

Жените премногу се грижат за својот изглед

Вистина, бракот со вашиот поранешен сопруг не функционирал, но сексуалниот однос бил опуштен и сте се чувствувале пријатно. Знаел како изгледате голи и секогаш сакал секс со вас, но можеби и не сакал, што сексуалниот однос го прави уште потрауматичен.

Jackie Pilossoph нагласува дека често пати е мошне изненадена колку жените се остри и критични кога е во прашање нивното тело и изглед.

“Жените понекогаш се толку критични, се гледаат во огледалото и не ми се допаѓа она што го гледаат. Мојот совет е: како прво, да се јаде здраво, вежбајте и ценете го тоа што сте со добро здравје. Половина од тоа што мислите дека сте дебели е во вашите глави. Значи, ако почнете да јадете како слаба личност, така и ќе се чувствувате, а потоа со текот на времето ќе бидете навистина слаби. Како второ, едноставно бидете тоа што сте. Самите себе речете си: ,Јас сум тоа што сум, или ви се допаѓам или не ви се допаѓам’. Таквата самодоверба ќе донесе добри резултати”, вели Jackie.

Многу жени се препуштаат на чувствата и плачат

Штотуку сте имале секс со друг маж и во вашата глава вие ги прекршивте брачните завети, иако веќе и служебно сте разведени. Иако немате причина да се чувствувате виновни, сепак така се чувствувате и си го расипувате целото доживување.

“Немојте тоа да си го правите, туку во тоа ново искуство едноставно уживајте, вели Pilossoph. Можеби последните месеци или годините на вашиот брак биле страшни и сигурно не сте се чувствувале секси или привлечни долго време. Затоа, дозволете си да уживате и да бидете секси затоа што вие тоа го заслужувате. Имате сопствени потреби и тоа е во ред”, вели Jackie.

Некои жени новиот партнер се обидуваат да го претворат во сопруг број два

“Многу жени, откако ќе се впуштат во сексуални односи со партнерот развиваат силна емоционална врска. Можеби нема да се согласите со мене, но со сигурност тврдам дека всушност ниту една жена не сака секс за една ноќ. Жените го поврзуваат сексот со чувствата и мошне брзо почнуваат да размислуваат за иднината со новиот партнер.

Сексот ја намалува моќта на просудување. Според мене сосема е во ред, таа нова личност да ви се допаѓа и во ред е да сте во врска, но морате да знаете да повлечете граница. Но, да не помислите дека првиот човек што ќе го запознаете по разводот е принцот на белиот коњ кој ќе ги реши сите ваши проблеми и ќе ве побара за жена – тоа се случува само во љубовни романи. На целата ситуација гледајте реално: се допаѓате еден на друг, но најверојатно нема да завршите во брак, уживајте во врската и веднаш не повлекувајте сериозни теми или пак по вториот состанок да го запознаете со остатокот од семејството”, предупредува Jackie.

Некои жени не користат кондоми. Немојте себе си тоа да си го дозволите – здравјето би требало да ви биде главен приоритет и нема потреба да се изложувате на ризик.

“Но, има уште нешто што треба да знаете за сексот по разводот. По раскинувањето на првата љубовна врска која следела по разводот, постои голема веројатност дека ќе се чувствувате полошо отколку по разводот. Имено, големи се шансите раскинувањето да ги отвори старите рани и ве потсети на загуба и како сте се чувствувале по разводот”,предупредува Jackie споредувајќи го сексот по разводот со губењето невиност.

“Тоа е искуство што никогаш нема да го заборавите, без разлика како на крајот ќе заврши. Како и многу други аспекти на развод, ова е уште едно искуство што треба да го поминете. Но, јас не зборувам за тоа на грд начин. Сексот по бракот може да биде убав, сладок и посебно искуство – тој дел зависи од вас. Тоа би можело да биде вашата втора шанса да изберете мудро по втор пат”, вели Jackie.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.