Бакнежот | Стасја

1602

Во транс сум, ги имам истите емоции…

Неможам да расудувам, срцето сака да излезе од градите, го губам разумот…

Реалноста и делириумот се судруваат, го губам чуството за мерка…

Го гушкам сонцето, звездите ми се на дофат…

Можеби е бесмислено, но сакам да умрам и да се разбудам… Само со тебе…

Го губам тлото под нозете, како да лебдам, тонам, паѓам во бесконечна црвја дупка…

Паѓам но не ги отварам очите… ако ги отворам можеби ќе видам дека стојам цврсто на земја…

Можеби ќе заврши овој силен адреналин којшто никогаш не сум го доживеала предходно…

Нека трае, се препуштам, насмеана сум но и плачам… солзи ми течат а не чуствувам тага…

Точно на овој ден, точно на овој час… помина толку време, а како времето да застана…

Десетти Февруари, Градски Парк, мостчето на езерце, ситен дожд, наоколу живо пиле нема, сами…

Пред твојот храм, нашиот Градски стадион, пред твојот Вардар… сѐ уште го изговарам и јас со гордост како што ти го чуствуваше и изговараше…

Остана таа силна прегратка, остана чуството на сигурност, таа спокојна тишина, а истовремено еуфорија…

Усните твои меки, слатки на усните мои, остана нежноста… остана страста, сѐ стои во место…

Си отидов од тебе, а знаеш нозете не сакаа да си одат, се молев да се случи нешто за да останам…

Се молев да ме спречиш, да ме украдеш, да ме заробиш, да ме однесеш некаде далеку, да ме сокриеш…

Прости ми… но ти си голем човек и веќе ми прости без да го побарам тоа од тебе…

Каде не однесоа животите, а со нив не ги понесоа срцата и душите…

Душите останаа заедно, затоа е сѐ уште десетти Февруари, истиот тој ден кога засекогаш тебе ти припаднав…

Кажи ми дали сум единствена која остана да живее во минатото…

Кажи ми дали оваа љубов му пркоси на времето и си поигрува со вечноста…

Кажи ми дека оваа љубов е вечна, кажи ми и ти затоа што јас веќе знам…

Со бакнежот твој легнувам повторно… секој ден е десетти Февруари… те чекам пред Јужна трибина, таму сум секој ден во исто време…

Стасја