Количката и детските седишта можат да го забават развојот на мозокот на бебето

56

Прекумерното потпирање на количката го успорува развојот на говорот и моторичките вештини кај децата, а може да влијае и на способноста на вниманието, рамнотежата и координацијата на поголема возраст

Родителите кои често ги ставаат децата во колички или столици можат да го забават нивниот моторен и вербален развој, предупредува британскиот неуропсихолог Sally Goddard Blythe. Таа додаде дека детската количка, но и друга опрема во која движењата на бебето се ограничени можат да го забават развојот на мозокот, пишува Daily Mail.

– Координацијата, вниманието, фината моторика и рамнотежата се формираат во првите 36 месеци од животот и се поврзуваат со успехот во училиште, но и со когнитивните способности во животот – тврди Blythe.

Додава дека на бебињата им е потребна слобода на движење за да го истражуваат светот околу нив, да се играат и галат, но и дека социјалната интеракција е најважна за нивниот развој. Не е проблем во користењето на детските седишта или колички туку количината на времето кое детето го поминува во нив.

Истражувањата покажуваат дека зголемената употреба на паметните телефони и таблети и нивното покажување на децата може да предизвика слични проблеми, бидејќи го намалуваат времето кое детето го поминува во активна игра.