Сексот ги намалува главоболките | Ако ви каже жена дека ја боли глава, еве што треба да направите

370

При водење љубов, во нашето тело се случуваат многу корисни процеси, што позитивно влијаат како на психичката, така и на физичката состојба.

Сексолозите тврдат дека сексот е корисен пред се за работата на срцето, но се препорачува и „против“ главоболки, оти хормоните кои се ослободуваат при чинот, помагаат телото и умот природно да се опуштат.

Интимните односи помагаат и при несоница. Се смета дека тие ја подобруваат и самодовербата, па лесно е да се заклучи дека се и одличен природен антидепресив.

Некои стручни лица тврдат дека сексот посебно е делотворен и како природен лек против грип.

Тука треба да се додаде и опуштањето на мускулите, сјајната кожа како последица од ослободувањето токсини и многу други придобивки.

Б92