Божиќ – Раѓањето на Исус Христос

4295

Божиќ е христијански празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.

Генерално се слави на 25 декември според грегоријанскиот календар, додека црквите кои се придржуваат на јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, Божиќот го слават на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.

И додека современите историчари веруваат дека годината на Исусовото раѓање би множела да биде во опсег од 7 до 2 гос. п.н.е., точниот датум на неговото можно раѓање е непознат. Раѓањето на Исус се споменува во две од четирите канонски евангелија.

До средината на IV век западните христијански цркви прифатиле Божик да се одбележува на 25 декември, а овој датум подоцна е усвоен и на Исток. Датумот на Божиќ можеби бил избран да одговара точно 9 месеци од денот кога раните христијани верувале дека Исус е зачнат, или со некои од древните политеистички фестивали што се одржале околу краткодневницата.