Преподобна маченица Евгенија – БАДНИК

927

ЕВГЕНИЈА – Ќерката на Филип, епархот на Мисир. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните биле протерани од Александрија и живееле надвор од градот. Девица Евгенија ги посетувала и во една прилика ја прими нивната верата со сето свое срце.

Таа избегала од нејзините родители со двајца верни евнуси, крстена епископот Елиј и маскирана во машки костум стапи во машки манастир, каде доби монашки чин. Толку длабоко го прочисти своето срце што доби од Бога благодат за исцелување на болните. Така излекува и една богата жена Мелантија, која подоцна сакаше да ја наведе за физички грев, без да знае дека Евгенија е жена.

Откако беше решително одбиена, оваа злобна жена од одмазда ја наклевети кај епархот на ист начин како што некогаш жената на Пентефриј на сеопфатниот Јосиф. Епархот заповедал сите монаси да се оковаат и да бидат фрлени во зандана заедно со Евгенија. Но, кога беше изведена на суд, света Евгенија се покажа на својот татко како негова ќерка.

Преобратениот Филип тогаш го покрстува целиот свој дом. И би Филип избран за епископ Александриски. Откако слушнал за ова, римскиот цар испратил некој зил војвода Теренциј, кој откао дошол во Александрија, тајно го убил Филипа. По смртта на својот татко света Евгенија се преселила во Рим со мајка си и со своите браќа. Во Рим, таа бестрашно и грижливо на незнабошците им ја пренела вистинската вера, особено на девојките.

Така покрсти и некоја убава девица Василија. Наскоро таа ќе биде погубена во име на Христа, како Евгениј ѝ предвидела. Тогаш беа погубени и двајцата нејзини евнуци, Прот и Јакинт. Конечно дојде маченичкиот крај на света Евгенија. Од нејзината близина, падна и храмот на Дијанин и се разрушил.

Мачителите најпрво ја фрлиле во вода, па во оган, но Бог ја спасил. Господ Исус сам се јави во зандана и ѝ рекол дека ќе умре на денот на неговото раѓање. Така и бидна. Со меч ја погубија на 25 декември 262 година во Рим. По смртта, Евгенија се јави на својата мајка во голема слава и ја утеши.