Пробал “народен лек” против запек | Во анус бутнал јагула – таа преживеала, а тој за малку ќе умрел | Видео

2083

Неверојатно, но рибата ја преживеа целата авантура и покажала знаци на живот кога лекарите ја извадиле од стомакот.

Човек од Кина се обиде да излечи запек со вметнување жива јагула во анусот и многу се покајал за тоа, пренесува IFL Science.

Тој ги избегнувал вообичаените медицински совети за ублажување на запекот, но се одлучил за народен лек – ставање јагула во анусот. За жал, рибата од неговиот ректум стигнала до цревата, направила дупка во ѕидот на дебелото црево и влегла во стомакот.

Рибата преживеала

Човекот имал силна болка, но премногу се срамел да посети лекар, пишуваат локалните медиуми. Меѓутоа, следниот ден тој попуштил и побарал медицинска помош во блиската болница, каде лекарите му рекле дека можел да умре.

Неименуваниот пациент бил опериран за да му ја отстранат јагулата од стомакот долга 20 сантиметри. Неверојатно, но рибата ја преживеала целата авантура и давала знаци на живот кога лекарите ја извадиле.

Ова не е првпат „народниот лек“ со јагула да стигне до медиумите. Имено, во 2017 година, еден исто така храбар маж, сакал да го олесни запекот со вметнување на јагула долга 50 снатиметри во ректумот. Три години подоцна, еден похрабар маж на негови 50 години го сторил истото, но завршил со сериозна инфекција што можела да го убие. Во овие случаи, јагулите не преживеале.

Ако сеуште мислите дека се шегуваме со вас на сосема бизарен начин, можете да го погледнете телевизискиот извештај на кинеската агенција Сина за овој случај овде.