Мажите почесто ги оставаат своите болни сопруги

32

Мажите почесто ги оставаат своите сопруги кога ќе се разболат, додека тоа на жените им се случува поретко.

Мажите седумпати почесто ги остават сопругите кога ќе се разболат, покажуваат резултатите од најновото американско истражување, кое е спроведено на 500 брачни парови, при што еден од партнерите имал дијагноза на сериозна болест како рак или мултиплекс склероза.

Статистичките податоци за разводот меѓу паровите биле просечи, но подеталното истражување покажа дека бракот почесто ќе заврши со развод, кога е болна жената.

Со други зборови жените се многу подобри во поднесување на тешките ситуации од мажите. Од 23 разводи евидентирани меѓу заболените од мултиплекс склероза откриено е дека во 22 разводи заболени биле жените, а само во еден случај болен бил мажот.

Откривањето на оваа појава е потврдено и кај другите болести – од 23 разводи во кои еден од партнерите имал тумор на мозокот, 18 биле жени, а од 14 разводи на парови од кои едниот партнер имал рак ,13 биле жени.

Инаку 21 отсто од браковите во кои болни биле жените завршиле со развод, за разлика од три отсто од браковите во кои болни биле мажите, врз основа на што научниците заклучиле дека е очигледно дека жените се посилни кога станува збор за останување со болниот партнер.