Лекарите откриле алтернатива на популарниот лек против холестерол | Ова може да биде спас за оние кои не можат да го земат

1226

Новиот лек добро се поднесува и го намалил „лошиот“ холестерол за повеќе од 20 проценти.

Бемпедоичната киселина може да биде алтернатива за луѓе кои треба да го намалат холестеролот, но не можат или не сакаат да земаат статини, според големото истражување објавено во саботата во New England Journal of Medicine.

Статините се најчесто препишаните лекови за намалување на холестеролот кои помагаат да се намали она што е познато како „лош“ холестерол (LDL) во крвта. Повеќе од 90 отсто од возрасните кои земаат лекови за намалување на холестеролот користат статини, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, објави CNN.

Статините се сметаат за безбедни и ефективни, но има милиони луѓе кои не можат или не сакаат да ги земаат. Кај некои луѓе предизвикува интензивна болка во мускулите.

Претходните студии покажале дека помеѓу 7 и 29 проценти од пациентите кои треба да го намалат холестеролот не можат да толерираат статини, според доктор Steven Nissen, кардиолог и истражувач во Клиниката во Кливленд и коавтор на новата студија.

Гледам срцеви пациенти кои доаѓаат со ужасна медицинска историја, повеќекратни срцеви удари, понекогаш бајпас хирургија, многу стентови, и велат:

„Докторе, пробав повеќе статини, но секогаш кога земам статини, мускулите ме болат или се чувствуваат слаби. Не можам да одам по скали. Едноставно не можам да ги толерирам овие лекови“. Ни требаат алтернативи за овие пациенти, вели Nissen.

Лекарите имаат неколку опции, вклучително и езетимиб и PCSK9 инхибитори. Бемпедоична киселина, продадена под името Nexletol, е осмислена специјално за лекување на пациенти кои не можат да толерираат статини.

Ефектите на лекот врз здравјето на срцето не се целосно оценети до ова големо испитување. Новата студија е делумно финансирана од Esperion Therapeutics, производителот на Nexletol.

Во студијата, која беше претставена во саботата на годишниот научен состанок на Американскиот колеџ за кардиологија и Светскиот конгрес за кардиологија, Nissen и неговите колеги вклучиле 13.970 пациенти од 32 земји.

Кај сите пациенти постоела нетолеранција на статини, обично поради несакани ефекти врз мускулно-скелетниот систем.

Пациентите по случаен избор биле поделени во две групи, од кои едната добила бемпедоична киселина, а другата плацебо – супстанца без ефект.

Научниците ги следеле овие пациенти речиси пет години и откриле дека бемпедоичната киселина добро се поднесува и дека процентуалното намалување на „лошиот“ холестерол е поголемо со бемпедоична киселина отколку со плацебо за 21,7 проценти.

  • Ризикот од кардиоваскуларни настани – вклучувајќи смрт, мозочен или срцев удар – бил 13 проценти помал со бемпедоична киселина отколку со плацебо.

Имало малку повеќе случаи на гихт и жолчни камења во групата на бемпедоична киселина во споредба со луѓето кои земале плацебо.

Бемпедоевата киселина нема забележано влијание врз смртноста, но тоа може да биде затоа што периодот на набљудување бил премногу краток за да се каже дали има таков ефект.

Претходните испитувања на статини го покажале истото и дури по повеќе студии за статини научниците успеале да покажат ефект врз смртноста.

Статините се златен стандард. Тие се камен-темелникот. Целта на оваа студија не е да ги замени статините, туку да обезбеди алтернативна терапија за луѓето кои едноставно не можат да ги земаат, вели Nissen.