“Ако со години ширум светот убиваш туѓи деца, стари лица, жени и ги уриваш нивните домови, зошто се чудиш кога смртта ќе дојде по твоето дете”

403

Животот во светот во кој живееме е неподнослив за нормалениот човек . Гадливото, лицемерно толкување на вистината се шири по Земјата како ебола. По Германија моментално се на снага членовите на групацијата “Патриотски Европејците против исламизацијата на Западот”. Скратено ПЕГИДА. Тоа е група на луѓе која ја поддржуваат еден од осум Германци.

Работите тргнаа од Дрезден па према Келн. Не постои сомнеж дека “Патриотските Европејци” ќе ги здоми цела Европа, иако на нив во татковината на Хитлер се пука од сето моќно оружје. Кога маршираа низ Дрезден се изгасија светлатата на оперската куќа Semperoper. Ниту во Келн не поминаа подобро. Славната Катедрала остана во мрак.

Да не беше трагикомично ќе беше комично. Германија го открива своето вистинско лице. Таа е ксенофобична земја полна со омраза кон различните. Треба ли да се фрла со дрвја и камења на Германија, која со гасење на светлата сѐ уште се бори против омразата? Што да се каже за Франција во која телото на мала Ромка е погребано на гробиштата дури откако стана breaking news? Приказната за мртвата Ромка да не стана “хит” нејзиното тело ќе беше фрлено во ѓубре каде што веќе лежат кој знае колку мртви француски цигани.

Не толку одамна читаме како Италијанците од автобус симињаат “цигани”, овие наводници навистина се глупост, но јас да бидам пристојна, па ги депортираа во непознато. За омразата кој секој “цивилизиран” Европеец, за Американците подобро и да не се зборува, ја чувствува према “исламизацијата” сѐ е познато. “Исламистите” се терористи. Во Ирак, затоа што немале атомска бомба, но би можеле да ја имаат. Во Иран, затоа што имаат атомска бомба. Во Пакистан. Во Либија. Во Тунис. Во Сирија. Во Авганистан …

Како се исламизирала и циганизирала Европа не е целосно јасно, но јасно е како се демократизираат исламските земји. Со безпилотни летала, со убивање на стотици илјади деца, со убивање на нивните лидери, згрозување на западните медиуми за слепување на едно училиште со црна земја во Пакистан. Сите би требало да знаат колку деца загинаа во тој напад, јас тој број го заборавив. Никој од западните новинари не зборува колку десетици илјади училишта американските и европските “патриоти” срамниле со земја додека ги ослободувале исламските земји од “терористи” со акцент на ослободување од нафтата.

Европските, американските, израелските и други “патриоти”, кој сѐ да ги наброи, кои со децении ни ја продаваат тезата како исламистичките терористи ќе ни дојдат до главата, разбудија во Германија и Франција чудовиште кое од главата на Германците и Французите никогаш не излегло. Омразата кон другите и кон различните е она што секој народ во себе ги чува како зеницата на окото. Модерниот свет одамна е поделен на нацистчиња кои денеска се нарекуваат “патриоти” и еврејчиња кои се нарекуваат “исламисти”.

Можам ли јас, која од дното на душата ја мразам секоја омраза и манипулација, да бидам среќна, додека по улиците на Германија маршираат суштества полни со зло? Зошто не дупат? Американците, Европејците, Израел, во војна против исламот да започнале со гасење на светлата, денеска Германија не би влегла во темнина.

Се прашувам, се прашувам, ако со години низ светот убиваш туѓи деца , стари лица, жени, им ги уриваш домовите, ги малтретираш со глад и жед, им ги уништуваш сите човекови права, зошто се чудиш кога смртта ќе дојде по твоето дете? “Исламизацијата на Западот”, фраза и алиби за криминалците на кои сѐ уште не им е доволно исламска и циганска крв, не затропнала на вратата на Западот. Или барем не онака како што тоа ние “западњаците” заслужуваме.

Можеби имаме уште време, можеби сѐ уште не е премногу доцна? Европа треба да ги запали сите светла и да се погледне во огледало. Во него ќе го види Хитлер како задоволно се смее: “Патриоти мои, а каде мене ќе ми беше крајот да имав телевизија, интернет, беспилотни летала, ебола …”

Каде би му бил крајот? Кому тоа Германците, кому тоа Западот продваат финта дека Хитлер е мртов?

Ведрана Рудан

balkanspress.com

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk