Заборавете на нелакираните нокти, фризурата, депилациите, солариумите…
Мажите се многу поедноставни па некои работи воопшто и не ги забележуваат, покажува истражувањето спроведено од списанието Менс хелт
Истото истражување вели дека жената за првиот состанок троши и до 6 часа на подготвување.
Но мажите забележуваат сосема други работи на неа, а на листата на нештата кои најчесто се повторувале во одговорите првото место го има самодовербата.
Најдобар дел од мажите сметале дека ништо не е толку секси кај жената од тоа таа да се чувствува сигурна во својата (гола) кожа.
Второто место припаѓа на движењата. И тоа на женствените движења кои провоцираат и возбудуваат. Потоа следува изразот на лицето. Односно, страста која се гледа од лицето.
На четврто место се облините, заводливата силуета украсена со женствен стомак, задник и гради.
Миризбата е на петтото место. Секој има своја специфична миризба на кожата. Тука не станува збор за парфемот туку за природниот мирис на кожата.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















