Остатоци од руско вселенско летало потонале во Тихиот Океан | Видео

631
Вселенското летало Прогрес МС-21 по откачувањето од Меѓународната вселенска станица. Визуелната проверка по откачувањето не успеа да најде доказ за оштетување од истекување на течноста за ладење една недела претходно.

Делови од оштетениот руски вселенски брод Прогрес МС-21 потонале откако леталото било контролирано соборено над Тихиот Океан, објави во неделата руската вселенска агенција Роскозмос, пренесува новинската агенција Интерфакс.

Денеска Прогрес МС-21 беше исфрлен од орбитата, влезе во атмосферата и се распадна. Неизгорените елементи на структурата паднале во непловен дел од Тихиот океан, се вели.

Товарниот брод „Прогрес“ се приклучи на Меѓународната вселенска станица (ISS) во октомври 2022 година.

На 11 февруари 2023 година, беше откриено истекување во капсулата, која веќе беше исполнета со отпад, што резултирало со губење на течноста за ладење.

Во саботата шатлот бил откачен, свртен и фотографиран однадвор.

Не е констатирана видлива штета.

И покрај тоа, владината комисија одлучи да го собори леталото како мерка на претпазливост.

Руските инженери моментално се справуваат со друг сличен проблем на ISS, бидејќи во декември беше откриено и истекување на вселенското летало Сојуз МС-22.

МС-22 требаше да го врати екипажот на ISS на Земјата.

Космонаутите Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин, како и астронаутот на НАСА, Френк Рубио, сега мора да го чекаат следниот брод, кој треба да се лансира во вселената од космодромот Бајконур во Казахстан во март 2023 година.