Германски лекари развиваат модифицирано свинско срце кое планираат да го пресадат на човек

377

Очекуваат исходот да биде подобар од постигнатотo по првата ваква трансплантација во светот, која ја извршија американски лекари.

Германските кардиохирурзи веруваат дека ќе можат да трансплантираат модифицирано свинско срце на човек за не повеќе од две години, а очекуваат исходот да биде подобар од оној постигнат по првата ваква трансплантација во светот, која ја извршиja американски лекарите.

Ние сме во завршна фаза, изјави кардиологот Bruno Reichart, член на истражувачката група во Универзитетската болница Grosshadern во Минхен.

Ни недостига уште една важна компонента и работиме на тоа

За трансплантацијата ќе се користат помали свињи од расата Auckland од Нов Зеланд, кои се генетски модифицирани. Животните мора да тежат меѓу 70 и 90 килограми, во спротивно нивните срца би биле преголеми за луѓето. По процесот на модификација на срцата, тие прво ќе бидат тестирани на павијани, вели 80-годишниот Reichart, кој со децении се занимава со оваа работа.

Мајмуните со свинско срце треба да преживеат една година пред да започнат испитувањата кај луѓето.

Пресадувањето органи од еден вид во друг, процес наречен xenotransplantation, направи огромен чекор напред минатата година кога хирурзите во Mayrland за прв пат трансплантираа свинско срце на човек.

Тоа што пациентот преживеа два месеци, земајќи ги предвид сите негови коморбидитети, е добар резултат, вели Reichart.

Минатиот јануари, тим од Медицинскиот универзитет во Maryland пресади свинско срце со десет модификации на смртно болен човек.

По децении истражување на xenotransplantation, експертите се убедени дека свинските срца би можеле да бидат остварлива опција за пациентите на кои им треба ново срце.

Reichart, кардиохирурзите Christian Hagl и Paolo Brenner и ветеринарот Eckhard Wolf се меѓу водечките светски експерти за истражување на xenotransplantation.

Пред седум години, оваа група експерти во Минхен започна успешни експерименти со павијаните, кои преживеале и до половина година по трансплантацијата на свинско срце.

Мојата намера е резултатот од операцијата да биде поуспешен од минатогодишниот во Maryland, изјави Reichart.

Поради возраста повеќе не оперира, но вели дека „би сакал да биде во операционата сала кога операцијата ќе успее“.