Заминала да живее кај синот и снаата, но доживеала болно разочарување | Солзите на баба највеќе болат

2225

Поучна приказна која докажува дека сè во животот се враќа!

По смртта на нејзиниот сопруг, една старица заминала да живее со својот син, снаата и внуката. Со текот на времето, нејзиниот вид и слух се влошиле, рацете почнале да ѝ се тресат, така што храната од чиниите ѝ паѓала на подот.

На синот и снаата почнал да им оди на нерви нередот кој таа го правела, па за неа поставиле мала маса во аголот, поред плакарот за метли, и таму сама да јаде.

За време на оброкот, таа би го гледала својот син, снаата и внуката како јадат на големата маса со очи насолзени, но тие едвај и да зборувале со неа, освен што ја карале кога би ѝ паднала вилушката или лажицата.

Една ноќ, непосредно пред вечерата, девојчето седело на подот играјќи се со коцките.

“Што правиш?” сериозно праша татко ѝ.

“Јас правам мала маса за тебе и мама, за да можете сами да јадете во аголот кога ќе пораснам”, рече таа.

Таткото и мајката занемеле и се погледнале еден со друг. И тогаш почнале да плачат. Во еден момент станале свесни за злото што го направиле.

Таа вечер ја вратиле бабата на нејзиното вистинско место на големата маса, и од тој ден секогаш јадела со нив. И ако падне некое парче леб или пак вилушката да заскита на подот, никој не обрнувал внимание на тоа.