Пронајдена порака од Првата светска војна

937

Мала капсула со порака од пруски војник, кој ја испратил пред повеќе од еден век по гулаб-поштар, била пронајдена за време на прошетка од еден француски пар.

Пораката од пешадијата стационирана во Ингерхајм детално ги опишува воените маневри и била испратена до надреден офицер, вели Доминик Жарди, кустос на музејот Линц во Орбеј, источна Франција, пренесува „SkyNews“.

Пораката е на германски јазик, а датумот на белешката не е јасен, но се чини дека е напишана или 1910 година или 1916 година.

Во тоа време, Ингерхајм – сега во францускиот регион Гранд Ест – бил дел од Германија.

Двојката шетала по поле во септември кога ја забележала капсулата. Потоа ја однеле во музејот во Орбеј, кој се одвивала една од најкрвавите битки во Првата светска војна.

Жарди, кој кажал дека ова е „исклучително ретко“ откритие, ја замолил пријателката од Германија да му помогне да ја дешифрираат пораката, пренесе „SkyNews“.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.