Позитивни карактеристики кои ќе ве направат да изгледате поубаво

104

Физичките карактеристики и личниот стил се многу важни за вашиот сеопфатен изглед и за начинот на кој ќе ве гледаат другите.Тие сепак не се единствените нешта кои одредуваат дали ќе се најдете во графата “убавица”.

Вашата личност е исто толку важна колку и вашите надворешни црти. Сите сме запознале убави жени, кои сепак имаат ужасно однесување и на крајот се одбивни.

Односно, колку попривлечна е вашата личност, за толку попривлечна ќе ве сметаат другите. Еве и некои од позитивните карактеристики кои ќе ве натераат да изгледате поубаво во очите на луѓето:

1. Самодоверба

Уверливите жени, кои одат со исправен грб и високо крената глава, секогаш изгледаат поубаво, во споредба со згрбавените дами кои зјапаат во чевлите. Позата на телото има многу заедничко со тоа како се чувствува човек во својата кожа. Самодовербата секогаш е секси.

2. Оптимизам

Оптимистичките луѓе се секогаш насмеани и изгледаат смирени и среќни. Овие луѓе се магнет за околината и обично луѓето сакаат да се во нивното друштво, токму поради тоа што со нив животот изгледа розов. Затоа овие луѓе ни се чинат поубави дури и визуелно.

3. Љубов кон забавата

Луѓето кои сакаат да се забавуваат и во целина имаат енергичен темперамент, исто така ни се гледаат попривлечни од оние кои се повеќе флегматични и сериозни. Па не се откажувајте од забавата!

4. Грациозност

Дури и една жена да не е со идеални пропорции, ако се движи благодатно, ако е нежна, ако има фино однесување, ако се изразува паметно и има пријатна боја на гласот, луѓето ќе ја забележат и ќе ѝ се восхитуваат.

5. Харизма

Харизмата е вештината на човек да комуницира со другите луѓе на еден природен, пријатен начин, па да ги здобива лесно за пријатели, следбеници, истомисленици, фанови и т. н. Тоа е карактеристика на карактерот, со која некои луѓе се раѓаат, но според експертите, тоа може да се стекне и со практиката.

6. Скромност

Подобро е да бидете сигурни во себе, но не и безгрижни. Надуените луѓе се одбивни, а скромните се многу пријатни. Едноставно не се земајте премногу сериозно, покажувајте смисла за хумор и најмногу – самоиронија.