Како да ѝ предложите брак врз основа на хороскопскиот знак 

1227

Стрелец

Овие енергични, филозофски настроени дами сакаат да експериментираат. Ако ќе планирате предлог за брак на жена Стрелец изберете нешто што ќе ја импресионира и израдува. Овие дами ги сакаат простите задоволства – можете да ја однесете на ноќно капење во морето и тогаш да ѝ ја побарате раката, или пак да одете на одмор на планина и да го направите предлогот за време на подолг туристички пат. Може да ја запросите и на некаков спортски настан или за време на огномет, кои би го подигнале нејзиниот адреналин.

Јарец

Овие доминантни, тврдоглави и разумни дами се доста конзервативни. Ако сакате да ѝ предложите брак на девојка од овој знак, ќе треба да го изберете вистинскиот момент за да допрете до нејзиното срце. Јарците се привлечени од луксузот, бидејќи тој е видлив знак на успехот на кој тие цел живот се стремат. Па изберете една навистина луксузен и прекрасна околина, каде ќе ѝ ја побарате раката. Гледајте да нема многу луѓе наоколу, бидејќи жената од овој знак има неподносливост кон самоувереноста. Оваа дама сака да биде прифатена, почитувана и сакана, но пак во замена ќе ви предложи длабоки, љубовни и трајни односи. Не заборавајте да го аргументирате добро предлогот за брак.

Продолжува на страна 6