Водолија
Овие жени се мудри, паметни, чувствителни и супер дружељубиви. Ако сакате да освоите таква девојка за цел живот, прво треба да ѝ станете пријател. Ќе можете да ја импресионирате оваа жена претежно со својот интелект и со кавалерските вештини. Може да ѝ направите класичен предлог за брак – за време на вечера на свеќи, но сепак гледајте да има некаква разновидност во менито – на пример одведете ја на риба, во јапонски или марокански ресторан. Оваа жена е голем индивидуалист, па затоа е добро да го приспособите вереничкиот прстен со нејзиниот сопствен вкус – одведете ја во продавница накит и нека таа си го избере.
Риби
Оваа темелна, нерешителна и нежна жена ја сака мистеријата. Ќе треба да ѝ организирате серија на “тајни” средби и изненадувања (во форма на подароци), за да ја импресионирате. Имагинацијата на оваа жена е голема, па можете да ѝ направите навистина спектакуларен предлог за брак како од филмовите. За разлика од жените од знак Лав и Јарец, дамите од знакот Риби немаат потреба да бидат поведени во луксузен ресторан. Наместо тоа оваа жена ќе очекува некаков покреативен и / или уметнички предлог што ќе ја покажува нејзината искреност. Не заборавајте додека ѝ ја барате раката, да ја гледате во очите.



















