Поминало извесно време, а Томас се чувствувал лошо затоа што го одбил својот татко.
Земал годишен одмор и тргнал да ги посети, но кога дошол дома, неговите родители не биле таму, па ги прашал соседите: “Што се случило? Моите родители би требало да се тука. Дали знаете каде се?”
Комшиите му ја дале адресата на куќата каде што се преселиле неговите родители. Тоа место изгледало како гробишта, и очите на Томас се наполниле со солзи. Татко му штом го видел кренал рака, потоа се прегрнале и поздравиле.
Џери држејќо го за раменици, гледајќи го право во очи, го прашал: “Како си синко? Искрено, не очекував дека ќе дојдеш на ова место.”
Томас беше засрамен и ја наведнал главата …
“Што не е во ред? Дали нешто се случило?”, прашал Џери.
“Не, татко, едноставно не можев да замислам дека ќе те најдам на вакво место”, речкол Томас.
Џери се насмеал и со воздишка му одговорил: “Зедов заем за твојот факултет, а потоа и друг заем, кога сакаше нов автомобил. Каматата растеше и повеќе не можев да ја отплаќам. Не сакав да те вознемирувам со овој проблем, па затоа не ти реков ништо. На крајот, моравме да ја продадеме нашата куќа за да го вратиме заемот на банката”.
Томас шепотејќи: “Требаше да ми кажеш …”
Џери на ова се свртел и му се обратил: “Не, сине … Ти беше премногу зафатен со твојата работа и беше под стрес. Сакав да бидеш среќен и затоа молчев.”
Томас цврсто го гушнал својот татко и заплакал на сиот глас: “Немав поим за ова. Татко, те молам, прости ми.”
Џери се насмеал и рекол: “Еј, нема потреба за тоа. Јас сум среќен со она што го имам. Единствено што сакам е да бидеш малку со нас. Те сакаме многу, но во овие години, тешко нѝ е да патуваме за да те видиме.”
Родителите секогаш ќе бидат тука и ќе направат сѐ што можат за да нѐ направат среќни, но честопати ги земаме здраво за готово, и нѐ го цениме она што го имаме сѐ додека не биде предоцна.
*Во оваа вистинита приказна од нашето опкружување имињата се измислени.
Кога ќе тргнеш по патот на успехот, продолжи по тој пат, но никогаш не ги заборавај родителите затоа што тие се вистинската причина за твојот успех.
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg


















