ПРОЧИТАЈТЕ | Најдобри љубовни совети кои жените им ги даваат на жените

503

“Се одгледуваат момчиња, а не мажи. И колки и да се трудите, повеќето од работите едноставно никогаш нема да ги промените.”

Често ова се совети за кои може да ви е жал што не сте ги послушале

“Не му одговарајте во првата секунда, кога ќе ве повика или прати порака. Понекогаш може да бидете многу зафатени, па така веднаш ќе му стане јасно дека секогаш нема да оставите сѐ за него.”

“Малку нека се запраша каде сте, со кого сте и што правите. Само да не бидете отворена книга на социјалните мрежи.”

“Ако не знае да ве насмее, тој не е вистинскиот за вас.”

“На крајот на денот, најмалку е важно дали е убав или какво тело има. Ако не е тука за вас и не го почитува тоа што сте, ништо друго не е важно”.

“Дури и ако сакате да бидете со него 24/7, обидете се да не бидете лесен плен. Мажите сакаат предизвици.”

“Бидете свои и не играјте игрици. Ако и тогаш не ви успее, ќе знаете дека не е тој”.

“Се одгледуваат момчињ, а не мажи. И колки и да се трудите, повеќето од работите едноставно никогаш нема да ги промените.”

“Кој еднаш ќе ве измами – ќе го стори тоа пак!”

“Ако секогаш се лутите на него, но секогаш бргу и лесно му простувате, тој ќе нема апсолутно никаков страв дека ќе си заминете, туку тоа ќе го смета за пуста закана, оправдано.”

“Секој пар има свои проблеми, и престанете да се споредувате со другите и така да ѝ наштетите на вашата врска.”

“Кармата секогаш ќе го направи своето. Со било што да ве повредил, останете дама, исплачете се продолжете понатаму, бидејќи заслужувате подобро.”

“Јас не се согласувајте со ништо помалку од она што заслужувате.”

“Оној вистинскиот никогаш нема да се обиде да го промени она што сте, туку ќе ве прифати онаква каква сте.”