Работи кои ќе ве направат незапирливи во животот

1469

Запишувајте ги вашите цели секое утро

Константното запишување секогаш ќе ве потсетува на што не треба да заборавите и кои се вашите примарни цели. Со тоа што секое утро ќе го почнете со пишување, вашиот мозок ќе почне да ги менува вашите гледишта а иднината и ќе се фокусира кон нивно остварување. Во пишувањето внесете и емоција. Колку повеќе емоција, толку поголеми се шансите за остварување на вашите цели.

Исклучувајте го телофонот почесто

Времето кое го поминувате не гледајќи во вашиот телефон ќе ви помогне да почнете да живеете во реалноста и во сегашниот момент. Освен што се запоставувате самите себе, вие ги запоставувате и луѓето околу вас, а доколку сте родите го давате најлошиот пример за вашите деца. Децата уште од млади години треба да се учат дека важни се вистинските односи со луѓето, а не односот со технологијата.

Практикувајте прошетки

Испитувањата покажуваат дека прошетките овозможуваат зголемување на креативната инспирација. Многу познати и успешни личности како Марк Зукемберк и Стив Џоб можевме да ги забележиме како нивните креативни состаноци ги извршуваат во одење. Оваа активност не само што го чисти вашиот ум и му дава свежи идеи, таа е добра и за одржување на вашето здравје.

Ставете приоритет на вашиот живот и обврски

Кога акцентот го ставате на вашиот живот, тогаш во целост ќе бидете посветени на обврските и целите кои ќе ве направат подобра личност. Ако некоја работа не ја правите во ментот, тоа не е поради што немате време , туку поради тоа шѕто таа работа не ви е приоритет.

Продолжува на страна 3