Фокусирајте се на 90 дена забрзани цели отколку на планови за елата наредна година
Новогодишните резолуции не функционираат. Тоа до сега го имаме заклучено.
Па што е подобар метод?
Подобар метод е поставување на 90-дневни спринтови. На секои 90 дена, ги разгледувате претходните 90 дена, потоа поставите нови цели за следните 90 дена.
Одмарајте почесто
Одморот не е само спиење, тој е правење на паузи. Фокусирајте се на кратки интензивни работења, проследени со долги паузи исполнети со забава и собирање на искуства. Одморот ја овозможува продуктивноста и во физичка и психичка смисла.
Размислувајте повеќе
Без разлика дали е наутро или навечер давајте си прилика да размислувате почесто, бидејќи само тоа ќе ве доведе до донесување на правилни одлуки. Кавлитетното размислување го подобрува квалитетот на животот. Ако постојано го надградувате својот живот и учите нови работи, тогаш вашите мисли постојано ќе се менуваат, прошируваат и поврзуваат.
Давајте повеќе
Една од најголемите ментални транзиции што човек може да ги постигне е преоѓањето од “земач кон давач”. Научете да давате, бидејќи само со земање нема да постигнете ништо. Вие ќе се чувствувате подобро за себе, но истовреме ќе правите добро и за другите.
Продолжува на страна 6


















