Копарот содржи антимикробни својства

1184

Ако копарот се уште не е присутен во вашата кујна, време е да се запознаете со придобивките од конзумирањето и што поскоро да ја исправите грешката.

Еве кои се придобивките:

1. Го победува лошиот здив.

Семето од копар ќе ви помогне да ја освежите вашата уста после јадење и да се ослободите од лошиот здив. Неговите антимикробни својства се борат со микробите кои всушност предизвикуваат лош здив. Антибактериските и антиинфламаторни својства пак ги смируваат воспалените непца.

2. Помага при варењето.

Копарот ги ублажува проблемите како лошо варење, надуеност, гасови, запек, киселини и слично. Џвакање лажичка семе од копар после јадење ќе ви помогне да го подобрите своето варење и да се справите со здодевните проблеми како стомачни болки и надуеност. Ако страдате од лошо варење, можете исто така да пиете чај од копар.

3. Го ублажува задржувањето на водата.

Редовното пиење чај од копар помага за прочистување на вишокот течности од организмот, бидејќи работи како диуретик. Со помош на копар може исто така да третираат отечени очи. Покрај сето друго, ова корисно растение помага за отстранување на токсините и намалување на ризикот од проблеми со уринарниот тракт.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2