Копарот содржи антимикробни својства

1416

5. Штити од канцерогени заболувања.

Копарот може да помогне за намалување на ризикот од развивање на рак на дебелото црево, бидејќи помага за отстранување на токсините.

6. Ги ублажува менструалните проблеми.

Многу фактори, вклучувајќи стрес и неправилна исхрана, можат да влијаат на редовниот менструален циклус. Семето од копар поседува својства кои ја регулираат менструацијата. Растението исто така содржи фитоестрогени кои ги ублажуваат проблемите како предменструален синдром, нарушувања кај менопауза и други. Копарот делува и како афродизијак за двата пола.

7. Помага при болести на дишните патишта.

Копарот помага за олеснување на инфекциите на дишните патишта поврзани со кашлица, настинка, грип, како и проблеми со синусите. На пример, кога страдате од кашлица и болки во грлото, може да пиете топол чај од копар два или три пати на ден.

8. Спречува срцеви проблеми.

Копарот може да го намали ризикот од срцев удар или мозочен удар. Тој е добар извор на калиум кој помага во намалување на високиот крвен притисок, како и на фолна киселина, која е неопходна за трансформирање на потенцијално опасниот хомоцистеин во бенигна форма.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.