По 10 години и пет спонтани абортуси, добиле девојче | Но тогаш сонот се претворил во кошмар …

2182

Држијќе го своето бебе за прв пат, Gill Spilbey имаше сè што отсекогаш сонувала, изјави таа за Sunday People. Ѝ требаше 10 години, имаше пет абортуси и водеше тешка битка за посвојување на дете

Но, сепак Гил (43) и нејзиниот сопруг Дејв конечно ја донесоа дома 13-месечната Џесмин. Сепак, исполнувањето на сонот се претвори во кошмар. Три месеци подоцна, Дејв ја оставил својата сопруга по 15 години брак. Две недели подоцна, Гил дознала дека Дејв (42) почнал да живее со својата секретарка (28).

– Толку долго сонувавме за семејството. Тоа беше волшебно кога дома ја донесовме Џаесмин, конечно сѐ беше како што треба. Мислев дека засекогаш ќе бидеме семејство, дека ова е тоа што некогаш сме го сакале. Бев кршена, збунета и лута кога Дејв не остави веднаш, откако нашиот сон се обистини. Не можев да разберам зошто ја напушти својата ќерка кога толку се боревме за неа. Тогаш дознав дека тој се преселил кај својата згодна и млада секретарка и сѐ ми беше јасно. Средовечната мајка не е толку возбудлива како младата девојка. На крај имав дете, но не и маж. Тоа беше како свирепа шега – рече Гил.

Ѝ биле потребни три години за да ја преболи агонијата која беше заменета со помлад “модел”.

Денес Гил (50) се надева дека ќе стане мајка откако го заљубилљ во младиот Asha Rayner (26), кого го запознала на патување.

– Бев скршена кога мојот сопруг си замина. Се чувствував дека не сум доволно добра. Никогаш не помислив дека ќе завршам со маж кој е доволно млад за да ми биде син. Меѓутоа, судбината понекогаш е многу чудна.

За нивната средба зборува како за најдоброто нешто што ѝ се случило.

– На почетокот бев загрижена дека е толку млад. Но, се покажа многу посигурен од било кој друг во мојот живот и јас планирам иднина со него.

– Дејв ме остави заради многу помлада жена, а и јас најдов помлад човек кој е прекрасен. Премногу е доцна да родам негово дете, но можеме да посвоиме.

Гил и Дејв се вљубиле уште како тинејџери. Заедно патувале, создавајќи кариери, но секогаш планирале семејство. Меѓутоа, кога почнале да се обидуваат, тие се соочиле со серија на неуспеси.

– Јас се обидував да забременам и кога конечно успеав тоа беше неверојатно чувство. Но, среќата не траеше долго, докторот на прегледот откри дека срцето на бебето не чука. Тоа се повторило и следната година и повторно следната година.

– Имав спонтан секоја година. Повеќе не се радувавме затоа што се плашевме од разочарување. Единствената позитивна работа беше што бевме заедно и чувствував дека бевме сѐ поблиску.

– Откако го загубевме бебето, бевме неразделни со недели, грижејки се еден за друг.

Потрошиле многу пари обидувајќи се да дознаат што е причината за абортусите, но лекарите не успеале да пронајдат ништо.

– Тоа беше толку фрустрирачки.

По пет спонатни абортуси одлучивме да се обидеме да посвоиме бебе. Две години подоцна ја донесоа дома Џесмин.

– Дејв изгледаше како хипнотизиран, мислев дека ќе биде добар татко. Но, тој наскоро се смени, остануваше до доцна на работа, одеше на викенди со колегите, па дури и спиеше во канцеларија. Се чинеше дека намерно се дистанцира од мене и Џесмин.

12 недели по доаѓањето на бебето, Дејв ѝ се јави на Гил и ѝ кажа дека е уморен, дека му е досадно и дека сака нов живот без неа.

– Седнав во автомобилот и се обидував да не плачам, бидејќи Џесмин беше со мене. Но, не можев да го сфатам. Толку многу поминавме, на крајот успеавме, а сега тој заминува.

Две недели подоцна дозна дека тој се пресели кај неговата секретарка.

За да бидат работите уште полоши, неговата секретарка останала бремена.

Гил одлучила да се пресели на Канарските острови и си ветила дека никогаш нема да им верува на мажите. Сепак, три години подоцна, таа го запознала Asha.

– Тој беше прекрасен, но млад, доволно за да ми биде син, така што не го сфаќав сериозно.

Но, Ash не се откажа. Набргу требаше да замине дома, Гил помисли дека романсата е завршена, но Ash одлучил да се пресели.

Се вратија во Велика Британија и се обидуваат да посвојат дете, а нејзиниот поранешен сопруг очекува второ дете со неговата секретарка.