Со голот на Лазаров во последната секунда ја победивме Украина

1292

Македонската ракометна репрезентација оствари инфарктна победа со 26-25 (13-10) против Украина на првиот меч од Европското првенство во Австрија.

Нашите ракометари во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот во „Виенер Штадхале“ арената, меѓутоа Украина со добра игра се врати во финишот и на крајот успеа дури и да го израмни резултатот.

Кире Лазаров сепак со гол во последната секунда го донесе големиот триумф.

Капитенот беше и најдобар стрелец на натпреварот со 7 голови. Одличен меѓу стативите беше и Никола Митрески кој успеа да собере вкупно 15 интервенции.

Остроушко со пет гола беше прв стрелец кај Украинците, а за играч на натпреварот беше прогласен Филип Талески.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.