Престанала да се преиспитува. Таа сфатила дека нејзиното срце ја знае вистината и дека мора да го следи.
Престанала да ги анализира сите опции, да ги мери добрите и лошите страни и да се обидува да разбере сѐ пред да скокне. Таа сфатила дека тој чекор не подразбира целосно сознание каде ќе се дочека.
Престанала да ја води битката со себе, обидувајќи се да промени она што знаела дека е. Таа сфатила дека светот е доволно тежок да се биде верен на себе, па зошто од тоа треба да правиме предизвик.
Престанала да се грижи, затоа што загриженоста е цената која ја плаќала за сѐ да испадне во најдобар ред. Таа сфатила дека грижата не треба да биде дел од процесот.
Престанала да се извинува и да игра на ситно, за да на другите им биде пријатно и за да се вклопи. Таа сфатила дека интеграцијата е преценета и дека светењето на нејзината светлина ги прави другите доволно храбри да го сторат истото.
Завршила со сето она “би требало” и “мора да биде” во овој свет. Таа сфатила дека единствената принуда во нејзиниот живот доаѓа од оние работи кои чукаат толку силно како во нејзината душа, и да не може да го стори тоа.
Престанала со каења и со сето она “што можев”. Сфатила дека доцното согледување никогаш не може да се примени, бидејќи околностите се секогаш различни во огледалото, а вие со животот поминувате со поглед преку предниот прозорец.
Престанала со пријателства врз основа на заедничка историја и искуства од минатото. Таа сфатила дека ако пријателите не можат да растат заедно или ако не одат по ист пат, во ред е едноставно да се пуштат.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 3


















