За само 5 минути ќе имате совршен здрав појадок. Не двоумете се да пробате.
Потребно
- 100 грама овесни снегулки
- 250 мл бадемово млеко
- 1 банана
- ½ лажичка екстрат од ванила
- 1 лажица мед или јоворов сируп
- 2-3 јагодки
- 5-6 бадеми
Подготовка
- Ставете го бадемовото млеко да заврие
- Во зовриенето млеко додате ги овесните снегулки засладувачот и екстратот од ванила, мешајте 3-4 минути на тивок оган се додека не добиете хомогена смеса
- На крај додадете го овошјето и сервирајте



















