Програмите, кои подразбираат менување познати фактори на ризик како што се слабиот родителски надзор и висока инциденца на семејни конфликти, како и покажување на децата како изгледа “нормално” семејно однесување. Овие програми имаат научни докази со кои ја потврдуваат својата ефикасност.
“Партнерството патронажна сестра – родител” испраќа патронажни сестри во посета на младите, самохрани мајки кои се бремени, за прв пат барем еднаш на секои две недели во текот на првата бременост и сѐ додека нивното дете не наполни две години. Медицинските сестри им помагаат на мајките да го намалат пушењето, конзумирањето алкохол и употреба на дрога. После породувањето, на мајките им помагаат да создадат безбедна средина за своето дете и да развијат стратегија за справување со проблематичното однесување.
“Позитивната програма на родителството” е флексибилен систем на програми кои се фокусираат на пет главни цели – промовирање на безбедна и поттикнувачка околина, создавање позитивна атмосфера за учење, употребата на ефективна дисциплина, создавање на јасни и разумни очекувања и спроведување на грижата на родителите за себе самите.
Во текот на “Неверојатните години” на децата на возраст меѓу три и шест години, нивните родители и наставниците ги подучуваат на вештини и стратегии за справување со сложени ситуации. Родителите учествуваат во групни работилници. Децата, исто така, учествуваат во групни сеанси предводени од терапевтот кој им помага да ги развијат вештините како што се решавање на проблемот, воспоставување на нови пријателства и соработка со другите. Оваа програма ја разви Carolyn Webster-Stratton (Каролин Вебстер – Стратон), директор на Одделот за истражување на родителство на Универзитетот во Вашингтон.
“Програма за јакнењето на семејството” е наменета за родителите и нивните деца на возраст од 10 и 14 години. Родителите се подучуваат за факторите на ризик за злоупотреба на дрога, зближување на родителите и детето, резултат на недоследности во спроведувањето на родителските насоки, контролата на лутината и гневот , како и семејните конфликти. Децата учат за ефективна комуникација, решавање на проблеми и како да се спротивстават на притисокот од врсниците.
“Останете поврзани со својот тинејџер” им помага на децата помеѓу 12 и 17 години за да се избегне впуштање во ризични сексуални активности, злоупотреба на дрога и насилно однесување. Програмата ги учи родителите како да постават јасни стандарди на однесување со своите тинејџери наспроти антисоцијалното однесување и тоа со зголемување на родителската контрола, намалување на грубо воспитување и наградување на тинејџерите за поттикнување на зацврстувањето на семејните врски. Оваа програма ја развиле Richard F. Catalano (Ричард Ф Каталано) и J. David Hawkins (Џ. Дејвид Хокинс) од Факултетот за социјална работа на Универзитетот во Вашингтон.
Haggerty и неговите колеги се надеваат дека локалните политичари во дискусија за инвестирање во децата и младите луѓе ќе обрнат внимание на овие и другите програми кои се научно тестирани. Тој додаде дека е важно да се инвестира во децата сега, пред негативните резултати да доведат до уште повисоки трошоци за спроведување на законот и програми за физичка и ментална терапија,како и за престој во затвор.
Извор: University of Washington
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















