Исфрлете ја негативната енергија од секојдневниот живот

2434

3. Вежбање, играње, пеење

Која било активност која ве растоварува е добредојдена. Некому е тешко да се натера на вежбање по напорниот работен ден, особено ако работи физички работи. Меѓутоа, колку и да не ви се станува од каучот, пуштете си ја омилената песна. Не се вели залудно, „во здраво тело, здрав дух“. Трчајте, возете ролерки, велосипед, танцувајте дома или пејте под туш, се со цел под итно да се ослободите од негативната енергија.

4. Изградете си свое место за опуштање

Прво размислете што најдобро ве опушта. Тоа може да биде музика, шолја чај, разговор со пријатели, топла купка, миризливи свеќи… Уредете едно катче во домот или на работното место каде ќе можете да се опуштите. Најбитно е да откриете што ве опушта.

5. Изразете ги своите мисли и чувства

Понекогаш проблемот се наоѓа некаде длабоко во нас и често некаква секојдневна грижа околу некоја работа ќе го прекрие тој извор на негативна енергија, кој всушност е вистинска причина за стрес и незадоволство. Ако тешко се отворате кон своите блиски, обидете да ги запишувате своите мисли, бидејќи водењето дневник е еден од најдобрите издувни вентили. Со исчитување на сопствените мисли можеби ќе откриете која е вистинска причина за негативната енергија и на тој начин лесно ќе дојдете до решение на своите проблеми. Разговарајте со блиските и олеснете си ја душата бидејќи оние кои ве сакаат ќе ви дадат најдобар совет како да се ослободите од своите грижи.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.