Истражувањето е спроведено на две илјади испитаници од двата пола да одговорат на прашањето што најдобро ја поттикнува сексуалната желба.
Според истражувањето, жените се особено возбудени кога ќе добијат некои пари, а највеќе од тоа им годи кога партнерот ќе симне неколку килограми.
Машкото најлесно се наведува во кревет по добар ноќен живот – 28% од мажите признале дека се враќаат со надеж дека партнерката ќе ја наведат на акција, но во 10 најчести ситуации кои им ги разгоруваат страстите, се и некои помалку очекувани.
Така за мажите сексуално инспиративно е возењето спортски автомобил, победа на омилениот тим, но исто така и чистење на куќата. Мажите чувствуваат сексуален набој откако ќе ја исчистат куќата, бидејќи повеќето од нив не го сметаат тоа за нивна работа, а кога ќе биде чисто, горди се на своите достигнувања. Веројатно веруваат дека нивните напори ќе ја направат посреќна партнерката и дека таа ќе биде со изразита воља за акција во кревет.
Сексуалната желба кај двата пола будат победи, без разлика дали тоа е спорт или игри на среќа, затоа што победите на човекот му даваат впечаток на личен успех, и тој се чувствува исполнето. Чекање на победа е основен човечки инстинкт, и кога тоа ќе се случи се зголемува чувството на само-задоволство, бидејќи тоа обично доведува до материјална или психолошка награда.
10 најсилни двигатели на сексуалната енергија кај жените
- Губењето тежина кај партнерот
2. Свежо испрана постелнина
3. Добивка од игрите на среќа
4. Забава со пријателките
5. Топла бања
6. Забава со колегите
7. Нова фризура
8. Шминкање
9. Тренинг во теретана
10. Договор на голема работа или завршување на важна задача
10 најсилни двигатели на сексуалната енергија кај мажите
1 Забава со пријатели
2. Свежо испрана постелнина
3. Топла бања
4. Добивка од игрите на среќа
5. Победа на омилениот клуб
6. Губење на тежината
7. Тренинг во теретана
8. Возење спортски автомобил
9. Договор на голема работа или завршување на важна задача
10. Чистење куќа
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















