Стари народни верувања

2271

Постојат голем број непишани правила кои се однесуваат на работи кои можат да донесат несреќа или среќа. Во зависност од тоа колку сте суеверни, можеби ќе почитувате некои „прописи“.

Во продолжение следат некои од понеобичните и со децении стари народни верувања во кои многу луѓе, без оглед дали сакаат или не сакаат да го признаат тоа, сепак веруваат.

Кога ластовицата ќе направи гнездо на покривот од куќата или под стреата, во таа куќа ќе има мир и спокој.

Кога првпат спиеш во туѓ кревет, запомни што си сонувал, тоа ќе ти се исполни.

Што сонуваш првата ноќ во новиот стан, ќе се исполни.

Не оставај недопиен пијалак кога си на гости, така им оставаш кавги во домот.

Ако уште рано наутро ти се случи нешто непријатно, тој ден не почнувај ништо важно.

Во куќата во која се клати масата, жената го има главниот збор.

Кога гостинот ќе излезе од куќата без воопшто да седне, се верува дека го изнел мирот од куќата.

Ако во куќата има женски деца, гостинот треба да седне барем на 5 минути.

Продолжува на страна 2