Стари народни верувања

2335

Помрдни се од место или чукни во дрво ако се спомнува некоја несреќа или болест за да не те снајде истото.

Не треба да седите дома со скрстени раце бидејќи тоа носи несреќа и тага.

Кога некој од домот заминува на далечен пат, тој ден не треба ништо да се позајмува зашто патот за тој патник ќе биде многу несреќен.

Кој пие кафе од скршена шолја, ќе се ожени односно омажи за вдовец, вдовица.

За да имате пари, метлата чувајте ја со рачката надолу.

Не треба да лижете нож – ќе се разболете.

Ако девојка му подари часовник на момчето или тој неа, за нив времето ќе застане – ќе се разделат.