Многу од родителите своите деца премногу се трудат да ги заштитат

2470

Тие секојдневно ги возат таму каде што трба да одат, бидејќи се плашат нивните деца да не станат жртви на најразлични манијаци.

Иако е тоа совршено разбирливо, и во многу случаи потребно, можеби има ситуации каде сосема е сигурно децата да одат сами, да се вратат пеш или со јавниот превоз.

Факт е дека не можеме да ги заштитиме своите деца од сите ризици во светот, па поради тоа треба да ги подговтвиме да одат и без надгледување. Еден од начините е да ги научите да врескаат, да удираат и да се бранат, како што смета психилогот Гизела Пројшов.

Нашите инхибиции можат да нѐ внесат во поголема опасност од таа што ни се заканува. За да го покаже тоа, психологот Ники Марони го наведува истражувањето во кое научниците снимиле обични луѓе кои пешачат по улиците на Њујорк.

Филмот прикажува и група на криминалци од кои е побарано да кажат кои од нив би можеле да бидат жртви.

Резултатите биле недвосмислени. Секогаш биле избрани истите луѓе.

Тие се истакнувале со инхибиран говор, кој укажувал на несигусност и општ недостаток на самодоврбата. Најдобар начин да ги заштитите своите деца од стравот и опасноста е да им обезбедите да поседуваат самопочит.