Постојат многу Бабини деветини за бременоста – на пример тоа дека ако го носиш пониско плодот, значи дека ќе е момче.
Каде се “носи” бебето не е знак за ништо друго, освен за тоа колку се релаксираат мускулите на стомакот за време на деветиот месец. Покрај тоа долгите прошетки не предизвикуваат раѓање, ниту пак полната месечина.
Но има и митови кои всушност се вистинити и потврдени со научни докази, пишува списанието NYmag.
Раѓањето на момче може да е подолго и потешко отколку на девојче
За споредба биле земени во предвид 8 илјади породувања во една ирска болница, во периодот од 1997 до 2000 година кои покажуваат дека за три години се родиле речиси еднаков број девојки и момчиња, но сепак има јасен тренд за различно одвивање на породувањата. Просечно вредностите покажуваат дека момчињата се раѓаат подолго и кај нив почесто се јавуваат компликации.
Разликите сепак не се драстични. Нормалното одвивање на раѓањето на момче е помалку од над 6 часа, а на девојките – нешто помалку од 6 часа. Кај 6% од жените со машка рожба настанале компликации кои ги наметнале местаата, а додека кај оние со девојчиње уделот е 4%. Вкупно во 29% од случаите на машки бебиња треба лекарска интервенција и при 24% од оние од женски пол.
Можно објаснување за овие законитости, иако не е потврдено, е тоа дека момчињата се раѓаат во просек 100 грама потешки од девојките.
Ако јадеш банана пред да зачнеш, поверојатно е да родиш момче
Друга студија од серијата покажува дека жените кои носат момче, обично јадат повеќе од жените со девојчиња за време на бременоста, а и непосредно пред неа. Британско истражување од 2008 година ги анализира навиките на 740 жени во годината пред нивната прва бременост. Покажало дека повеќето од жените кои земале најмногу калории пред зачнувањето, родиле момче и повеќето од жените со најмал внес на калории родиле девојче.
Но, анализата покажа дека самите калории не се толку суштински фактор колку соодносот на преземени хранливи материи. Жените, кои потенцираат дека пред да забременат консумираат храна со многу калиум (а на прво место во оваа категорија се бананите), како и богата со калциум и натриум, и затоа почесто се носеле бебе од машки пол.
Научниците сепак нагласуваат дека диетата пред и за време на бременоста, само треба да е здрава и не е мудро да се користи за “предопределување” на полот на бебето. Не се сигурни и дали навистина воопшто е можно.
Стомачните киселини на мајката покажуваат дека бебето ќе се роди со коса
Не сите бебиња се раѓаат со коса, но некои изненадуваат со бујна перчиња. Научниците од Универзитетот “Џонс Хопкинс” откриле законитости, која предвидува уште за време на бременоста дали бебето ќе излезе ќелаво или со коса. Ако жената има киселини за време на бременоста, шансите детето да е со покриена глава се поголеми.
Научниците следеле бременост на 64 жени. Над една третина од нив се пожалиле од умерени или остри стомачни болки од киселини и речиси сите тие потоа родиле бебиња со коса. Сосема малку од останатите жени, кои немале слични поплаки, имале исто изненадување по раѓањето.
Објаснувањето тука сепак не е дека едното следува од другото. И киселините и влакната на плодот се должат на активноста на хормоните, која е посилна кај едни и помала кај други жени, додека очекуваат бебе.
Неодамна во новото истражување беше потврдени и други популарни максими за бременоста – тоа што утринското гадење е добар знак.



















