Трикови за воспитување на децата од јапонските родители | Видео

1349

Јапонските деца се најпознати по нивната љубезност, пријателски и искрен однос, кој тешко можете да го сретнете на друго место во светот. Нивната култура е посебна, нивната дисциплина е речиси недостижна.

Никојпат нема да видите дете во Јапонија кое вреска во супермаркет за да му се купи нешто (нормално секаде има исклучоци), но тука тоа е неверојатно ретко.

Според досегашните истражувања, децата во Јапонија се меѓу најздравите во светот. Здраво дете значи и среќно дете, па можеби не е лоша идејата да научиме неколку совети од Јапонците кога станува збор за начинот на воспитување и одгледување деца.

Еве неколку важни работи што Јапонците ги прават за децата:

  • Го фалат нивниот труд, не знаењето и способноста.
  • Ги учат децата на почит кон постарите.
  • Ги учат децата кон секого да се однесуваат со почит и разбирање, подучувајќи ги дека потценувањето не е примерно.
  • Децата пешачат сами до училиште, повеќе од 98 проценти од децата на училиште одат пешки.
  • Јапонците никогаш не им викаат на децата.
  • Многу се блиски со своите деца.
  • Подготовката на оброкот е страшно важна работа за јапонските мајки, тие стануваат рано за да им подготват на децата здрав оброк.
  • Ги учат децата да бидат независни и сигурни во себе, од малечки ги учат да помагаат во домот и надвор од него и никако да не оставаат неред зад себе.
  • Родителите никогаш не ги караат децата пред други луѓе, ниту пак им викаат пред други луѓе.