Потрагата по вонземјани е проширена во уште 20 000 соларни системи

176

Американските научници објавија дека ja прошируваат побарувачката на радио сигнали од вонземски разум во уште 20 000 соларни системи, кои досега беа сметани за неинтересна од гледна точка можност за присуство на вонземјани на нив.

Нови податоци го натераа Институтот SETI – “Search for Extraterrestrial Intelligence” да ја прошири побарувачката, вклучувајќи ги оние илјади црвени џуџиња, кои се во просек за неколку милијарди години постари од нашето сонце.

“Постарите соларни системи имаат повеќе време да се создадат интелигентни видови”, објаснува астрономот Сет Шостак, кој работи во SETI. Во рамките на овој двегодишен проект, научниците треба да ги проверат најблиските 20 000 соларни системи каде гравитираат околу 70 000 црвени џуџиња.

За таа цел тие ќе ја користат опсерваторијата “Allen Telescope Array” во Калифорнија, која се состои од 42 антени, способни да проверуваат истовремено по три ѕвезди. Ние ќе ги проучуваме сончевите системи на неколку фреквенции помеѓу 1 и 10 гигахерца, објаснува астрономот Гери Харп од SETI.

Речиси половина од овие фреквентни ленти ќе бидат поставени на т. н. “Магични фреквенции” – т. е. поврзани со основни математички константи. “Разумно е да се помисли дека вонземјаните кои се обидуваат да привлечат внимание, може да емитуваат радио сигнали на овие специјални фреквенции.