Храната во превенција на ракот на дојка

154

Едно од најчестите опасни заболувања кај жените е ракот на дојка.

Главните фактори кои влијаат врз развојот на рак на дојка, се возраста, генетска предиспозиција, дебелината, менопаузатa, намаленатa физичка активност, подоцна раѓањето (по 35 години) и други.

Споделуваме краток список на храна, со која научниците сметаат дека би можеле да го намалат ризикот од појава на рак на дојка.

Калинка

Плодовите на калинката имаат големи придобивки за женското здравје. Истражувањата покажаа дека сокот од калинка е богат со антиоксиданси и помага за потиснување на растот на клетките на ракот во градите. Калинката содржи материи кои ги блокираат синтезата на естроген. Кога овој хормон е во вишок, го стимулира растот на клетките на ракот. Калинката може да ја додавате салатите, свежите сокови, смутитата.

Куркума

Зачин, која широко се користи во источната кујна не само поради интересниот вкус, но и поради тоа што има голем број здравствени придобивки. Куркумата има антисептички и антиинфламаторни својства. Главната компонента во неа е куркуминот кој го инхибира растот на клетките на ракот .

Кромид и лук

Лукот и кромидот се меѓу најдобрите антиракови агенти. Тие содржат флавоноиди и сулфурни соединенија кои го инхибираат растот на туморот и го подобруваат имунитетот. Затоа е добро да ги додавате секој ден кон исхраната.

Продолжува на страна 2