Околу оштетениот нуклеарен реактор во „Фукушима“ е поставен “Леден ѕид”

2468

Јапонската регулаторна агенција одобри денеска активирање на „леден ѕид“, кој е составен од огромна подземна разладна ограда. Поставен е околу оштетениот нуклеарен реактор во централата „Фукушима“, со цел да се спречи излевање на радиоактивна вода.

Разладната структура има досега невидени димензии. Изградба беше завршена минатиот месец, а сега можа да биде активирана.

Овој проект, е “тежок” 312 милиони долари, е составен од цевки кои се дизајнирани да го замрзнуваат околното земјиште и да формираат ѕид долг 1,5 километри околу реакторот и турбините, со цел да се спречи радиоактивната вода да дојде во подземните води.

Бонус видео: