Здрава храна | 6 намирници кои ги држат хормоните „под контрола“

222

Урамнотежената исхрана е клучна за здравјето, но, исто така, и за убав изглед. За убав изглед на кожата ни треба храна која ги балансира нивоата на хормоните во телото – го намалува тестостеронот и го зголемува естрогенот.

Ако сакате да уживате во мазна, мека и убава кожа, јадете ја оваа храна

1. Квиноа

За разлика од други житарки кои имаат висок гликемиски индекс и може да го подигнат нивото на шеќерот во крвта, квиноата е комплекс на јагленхидрати со висок процент на протеини кој помага во одржување на стабилно ниво на шеќерта во крвта. На овој начин се спречува домино ефектот каде што високиот шеќер го зголемува производството на инсулин во организмот, а со тоа и нивоата на тестостероните.

Обидете се да го замените лебот или белиот ориз со житарка богата со магнезиум и фосфор најмалку два пати неделно, и нутриционистите велат дека ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате одлично.

Јадете храна богата со омега-3 масни киселини, и житарки со висок процент на протеини кои го балансираат нивото на шеќерот во крвта, го стабилизираат инсулинот и ги намалуваат хормоналните скокови во организмот, а со тоа гарантираат поубава кожа.

2. Бадеми

Ако имате проблеми со кожата, свртете се кон бадемите. Овие јаткасти плодови ги зголемуваат нивоата на адипонектините кои го регулираат шеќерот во крвта и го спречуваат растот на тестостеронот во организмот. Бадиите се добри сојузници во борбата против сува и тенка кожа, која обично е резултат на големи тестостерони во организмот. Препорачаната дневна доза е 11 парчиња од овие плодови.

3. Авокадо

Добрите масти како авокадо (или маслиново масло) содржат високо ниво на добар холестерол кој ги одржува хормоните во рамнотежа. Здравите масти го поттикнуваат производството на природните липиди кои ја прават кожата силна, еластична и сјајна.

Нутриционистите препорачуваат секој ден да изедете половина од овој егзотичен плод кој содржи прехрамбени влакна, калиум, витамин Ц и Е и лутеин, кои го спречуваат негативното влијание од сончањето на организмот.

Продолжува на страна 2